Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВељаноски сменет и од интернет страната на Собранието

Вељаноски сменет и од интернет страната на Собранието

На официјалната интернет страница на Собранието ( www.sobranie.mk ) предмалку е објавена фотографија од средбата меѓу претседателот, Талат Џафери, и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Семуел Жбогар, пишува „Нова ТВ“

Од сајтот е отстранета сликата на претходниот спикер, Трајко Вељаноски, а ставена е од неговиот наследник Џафери. Како потретседатели сеуште се Антонио Милошоски, Рафиз Алити и Рената Дескоска, иако на дневен ред на следната седница на Парламентот треба да биде и изборот на нови потпретседатели.

Засега пленарна седница сеуште не е закажана.