Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВељаноски демантира – немало примопредавање на кабинетот

Вељаноски демантира – немало примопредавање на кабинетот

Поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски негира дека имало примопредавање на кабинетот со новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

„Не, немаше никакво примопредавање на нелегитимно и неуставно избран претседател на Собранието“, пишува Трајко Вељаноски на својот фејсбук-профил.

Екс-спикерот ја негира информацијата на собранискиот сајт, во која се наведува дека „самиот чин на примопредавање беше извршен најнормално како што доликува на принципите на парламентаризмот“.