Wednesday, May 1, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометВардарки им покажаа каде им е местото на Ларвик, со 14 голови разлика

Вардарки им покажаа каде им е местото на Ларвик, со 14 голови разлика

 

По трети пат вардарки на фајналфорд во Лигата на шампионите. Денеска во Сц „Јане Сандански“ црвено – црните го дадоа својот максимум и им покажаа на Ларвик каде им е местото. Поминаа 60 минути во радост и среќа за Вардарки, а Ларвик се повеќе и повеќе тонеше, тоа го потврдува и резултатот кој на крај беше 34 – 20 за нашите. 14 голови не се мала разлика.

Првото полувреме заврши доста возбудливо со резултат 16 – 09 за црвено -црните. Ларвик првите 15 минути имаше постигнато само 1 гол, а Вардарки имаат дури 10 гола. Вториот дел од натпреварот започна полежерно, па Ларвик дадоа некој гол плус, но тоа траеше некои 10 минути, а потоа Вардарки ги покажаа забите по втор пат и постигнаа 34 голови, а со тоа докажаа дека се вредна и успешна екипа.

Французинката Амандин Лејно најуспешна со 19 одбрани, го победи Ларвик. Стрелец на натпреварот беше Пенезич со постигнати 8 голови, Лазич 6, Радичевич 5, Лекич 4, Дембеле 3, Алтхаус 3, Икнева 2, Дамјанович 1 и најмладата македонка Сара Ристовска со завршниот единствен пенал, го „запечати“ натпреварот со 14 голови плус за црно – црвените. Од Ларвик најефикасна беше Морк со постигнати 6 гола.

За 7 дена ќе гледаме уште еден интересен и возбудлив натпревар, па ни преостанува да ги гледаме на екран и да им држиме среќа и таму да го направат истото како ова денес.

Александар Драгановски