Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакомет“Светците” се обезбедија на голманската позицијата

“Светците” се обезбедија на голманската позицијата

Францускиот ракометен тим и актуелниот вицешампион на Европа, екипата на Париз Сен Жермен објави дека се договориле на соработка со голманот Винсент Џерард.

Џерард со шампионот на Франција, потпиша тригодишен договор, но ќе се приклучи на тимот во текот на летото 2019 година, кога неговиот договор ќе истече со сегашниот клуб, Монпелје.

“Јас сум многу среќен што потпишав договор со екипата на Париз Сен Жермен. Ова е нов предизвик во мојата кариера проектот што го нуди овој тим е многу интересен. Јас сум задоволен што станав дел од овој тим, еден од најголемите во Европа “, изјави Џерард.