Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометВидео: Вардар го оствари сонот, победата и ја посвети на Македонија

Видео: Вардар го оствари сонот, победата и ја посвети на Македонија

Прекрасен дочек им беше приреден на ракометарите на Вардар кои од Келн се вратија како европски шампиони. Сите ракометари изразија огромна благодарност до верните навивачи како и до македонската публика која им дала огромна сила.

vardar plostad (2)

Оваа победа е за вас, рече Тимур Дибиров. Тренерот и врвен стратег Раул Гонзалез им отпоздрави на сите Македонци кои треба да бидат горди. Душебаев кој идната сезона си заминува ги прогласи играчите за легенди. Капитенот Стоилов откри дека е бескрајно среќен што како Македонец е дел од историјата.

18987614_1542087435863110_146744955_o

Сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко не можеше да ги сокрие емоциите и рече дека Македонија го заслужува европскиот шампион бидејќи има неверојатна енергија која тие ја чуствуваат.

vardar plostad (3)

Ракометарите со силни чуства пееја, скандираа, навиваа во еден глас со насобраниот народ кој уживаше да ги гледа новите спортски херои.