Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометМеталург сака и следната сезона да игра во Лигата на Шампионите

Металург сака и следната сезона да игра во Лигата на Шампионите

Металург заедно со Ракометната федерација на Македонија ќе испратат заедничко барање до Европската ракометна федерација, каде би покажале желба и интерес за македонскиот вицепрвак Металург повторно да игра во Лигата на Шампионите.

“Документацијата и сите формулари за аплицирање за дополнително, второ место во следната сезона во ЛШ се подготвени, и денес ќе ги испратиме во ЕХФ со искрена надеж дека како и во изминатите две сезони ќе добиеме место во ракометната елита на Европа“, изјави Зоран Цветановски, претседателот на Металург.

Според ранкингот, правилата и пропозициите на ЕХФ за сезоната 2017/18 на Македонија ѝ следува едно место во ЛШ за првакот, потоа две места во Купот на ЕХФ (за вицепрвакот и за освојувачот на Купот) и едно во Челинџ-купот на ЕХФ (за третопласираната екипа), но ЕХФ претходните години знаеше да одстапи од своите правила па и доделуваше вајлд карта и на други клубови. Металург се надеваат дека овој пат ЕХФ ке пресуди на нивна страна бидејќи Вардар стана Европски првак, па така да може уште една екипа од Македонија да игра во Лигата на Шампионите наредната сезона.