Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВардар високо загаден во Неготино – покажаа резултатите

Вардар високо загаден во Неготино – покажаа резултатите

Загадена е водата во реката Вардар кај Неготино, ова го покажаа мострите од водата земени последниот пат, информираше денеска за МИА раководителот на неготинската организациската единица при Центарот за јавно здравје Велес, доктор Иванка Тодоровска.

– Неколку пати годишно земаме мостри од водата во реката. Последниот пат резултатите покажаа дека таа е бактериолошки неисправна што ја вбројува во петта категорија. Забележана е бактериолошка контаминација и заматување, а заматувањето можеби беше последица на врнежите во периодот на земање на мострите, изјави Тодоровска.

Согласно на последните добиени резултати од испитаните мостри, водата од Вардар кај Неготино не е препорачлива за капење, рекреација, риболов и наводнување. За следните резултати од земени мостри од водата од реката, јавноста ќе биде дополнително информирана.