Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНивото на Вардар е двојно понизок кај Јагуновце и во Скопје

Нивото на Вардар е двојно понизок кај Јагуновце и во Скопје

Двојно пониски од просекот за август се водостоите на реката Вардар кај Јегуновце и во Скопје, Зајчев Рид, како и на Црн Дрим кај Ложани, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.

Опаѓање бележат и нивоата на Вардар кај Велес и Демир Капија, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Берово и на Црна Река кај Новаци.

Нешто над августовскиот просек се водостоите на Пчиња кај Катлановска Бања и на Струмица кај Сушево.