Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУтре протест на Шарената револуција против новото задолжување

Утре протест на Шарената револуција против новото задолжување

„Шарената револуција“ утре (понеделник) во 19 часот пред Специјалното јавно обвинителство ќе протестира против издавањето на еврообврзницата.

Во најавата за протестот пишува дека нема правда додека јавниот долг вртоглаво расте.

„Протест! Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците“, се вели во повикот на „Шарената револуција“.