Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставниот суд од државен интерес ги одложи сите изборни активности

Уставниот суд од државен интерес ги одложи сите изборни активности

Уставниот суд позитивно одговори на иницијативата на ДУИ за оценување на уставноста на распуштањето на Собранието и донесе одлука за одложување на сите изборни активности иако претходно слична иницијатива беше одбиена на Демократскиот сојуз.

dui rakovodstvo

Како што и претходно анализиравме одлуката за одложување на изборите би била политичка, а не чисто права, па затоа и овој пат Уставниот суд донесе хибридна одлука, а претседателката Елена Гошева се повика на предмет од 2001 година со која се дозволува решавање на прашања од интерес на државата, а не само од надлежност на институцијата.

trajko veljanoski

Сега нема никакви правни пречки Трајко Вељаноски и формално да го свика Собранието и пратениците да се вратат во законодавниот дом каде може да се донесе нова одлука за одложување на изборите на 5-ти јуни иако за овој последен чекор ќе бидат потребни нови политички договарање меѓу партиите бидејќи позицијата на власта веќе е страшно нарушена, особено угледот на непопустливост на Груевски.