Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостУспешна трансплатација – нови рачиња за малиот Зион

Успешна трансплатација – нови рачиња за малиот Зион

Медицинскиот тим составен од 40 луѓе успеа да направи трансплатација на раце на Зион Харви од Балтимор. Ова младо момченце е единственото дете на кое досега му е направена двојна трансплатација на рачиња. Хирурзите користеле челични плочи и штрафови за да ги прицврстат старите со новите коски, како и да ги поврзат неговите артерии, вени, мускули, тетиви и нерви.

Која е приказната на слаткиот Зион? Уште како мало момче добил сепса, а потоа дошло до затајување на органите. Веќе на четири години имал трансплантација на бубрег кој го донирала неговата мајка. Морале да му ги ампутираат нозете и рацете. Со протезите на нозете Зион бил многу активен, одел, трчал и скокал. Научил дури и да користи подлактици за пишување, хранење и играње на видео игри. А, за целото тоа време нормално одел на училиште.

Трансплатацијата на рацете бил голем ризик, но малото момче не се плашело да го преземе. Единствената мачнина е тоа што ќе мора да биде на лекови до крајот на животот кои ќе осигураат дека телото нема да ги отфрли новите раце.

На прашањето што прво ќе направи со новите раце, Зион одговори: „Ќе ја подржам мојата помала сестричка.“