Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМладо момче намерно прегазено со кола во Карпош – сакал да помогне на жена

Младо момче намерно прегазено со кола во Карпош – сакал да помогне на жена

Вчеравечер, околу полноќ, млад скопјанец е повреден намерно со автомобил бидејќи сакал да и помогне на жена која викала од возило.

Имено, К.К. додека се движел по улицата Франклин Рузвелт со уште двајца негови другари забележал како, од „крајслер“ во кое имало повеќе лица, непознато женско лице викало. К.К. се доближил до возилото и прашал што се случува, тогаш возачот на возилото излегол, физички го нападнал, влегол во возилото, го свртел полукружно и удрил во К.К., по што избегал.

К.К. бил однесен во ГОБ „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување. Полицијата го пронашла возачот на возилото. Се работи за С.Ц. (36) од Скопје, кој бил приведен во Полициската станица за понатамошна постапка.