Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУште едно скопско кафуле казнето за прегласна музика

Уште едно скопско кафуле казнето за прегласна музика

Уште едно кафуле во општина Центар казнето за прегласна музика. Во „Интермецо Кафе“, инспекциските служби, по пријава од граѓаните, извршиле редовен надзор и констатирале дека максималното дозволено ниво на бучава по 23:00 часот од 45 децибели е надминато.

Правното лице го очекува казна од 500 евра, а одговорното лице 150 евра. Доколку одбијат да ја платат казната им следи прекршочна пријава.

При последната контрола се посетени и други локали, но по мерењата на овластена компанија не е констатирано надминување на дозволените децибели.