Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУште еден поранешен војник на САД пукал во Тенеси

Уште еден поранешен војник на САД пукал во Тенеси

Неколку часа пред американскиот воен ветеран со африканско потекло да пука во 12 полицајци, убивајќи петорица од нив, а седум беа повредени, на протестот во Далас, уште еден поранешен припадник на војската на САД извршил напад над полицијата на авто-пат во Тенеси, усмртувајќи една жена и повредувајќи уште три лица меѓу кои и еден полицаец, пренесуваат медиумите.

Како и снајперистот од Далас, напаѓачот од Тенеси Лаким Кион Скот истакнал дека во четвртокот утрото пукал како одговор на полициската бруталност кон афроамериканците, соопштиле вчера американските власти, пренесува американската агенција. Во пиукањето во Тенеси страдале и цивили, а била убиена и 44-годишна жена, мајка на две деца која работела како разнесувач на весници и во моментот на нападот возела на автопатот.

Скот, бил повреден во пукањето со полицијата, па набргу бил префрлен во болница, каде се наоѓа во тешка, но стабилна состојба. Полицајците се најдоа на мета на напади и во Џорџија и Мисури откако полицијата ги уби Афроамериканците во Минесота.