Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУрко доби само условна казна – криво било прегазеното момче кое почина?!

Урко доби само условна казна – криво било прегазеното момче кое почина?!

Во Кривичниот суд заврши процесот за сообраќајната несреќа од 27 јули лани, кога Дејан Митровски-Урко во Скопје со своето возило, преминувајќи преку полна линија прегази 22-годишно момче, кое како последица од добиените повреди, пет дена по ударот, почина. Судијката Билјана Коцевска од Основниот суд Скопје 1 на 20 јуни на Митровски му пресуди условна казна.

Дејан Митровски -Урко е вработен во Шестата управа на МВР и поранешен шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Сообраќајката се случи лани на 27 јули на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, кога Митровски со своето возило „БМВ“, газејќи две полни линии на коловозот, директно удрил во моторот управуван од Стојанчо Андонов.

Според судијката Коцевска, за сообраќајката била виновна жртвата затоа што моторциклот се движел со 94,6 км на час и немал вградено предно светло.

Од семејството на Андонов немало барање за оштета.