Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУниверзалецот Ванхауте нема решение за маките на Анкетната комисија

Универзалецот Ванхауте нема решение за маките на Анкетната комисија

Европскиот олеснувач во преговорите меѓу партиите за воведување на реформи во политичкиот систем на Македонија не може да биде главен џокер за решавање на сите спорови и дилеми, па затоа и не се појави на Анкетната комисија која во Собранието заглави со расправата за прислушкувањето и нелегалните телефонски разговори. Ванхауте беше повикан во Собранието да даде предлози за одглавување на Анкетната комисија, но не се појави за да им остави простор на партиите сами да донесат решение.

silegov bombi

Петре Шилегов како претседател на Анкетната комисија потенцираше дека меѓу пратеничките групи дошло до доближување на ставовите и прецизирано е дека тој нема да гласа два пати, туку ако членовите гласаат нерешено тој ќе гласа последен.

Владејачкото мнозинство упати и сомнежи дека Шилегов има намери без да ги извести да повикува сведоци и експерти за проверка на сите аспекти од скандалот со прислушкувањето, но повторно ги демантираше убедувајќи дека комисијата ќе работи според прописите и Деловникот. Со нови напори меѓу пратениците Анкетната комисија треба да започне да заседава.