Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУнгарија ја засилува контролата долж границите со Србија и Хрватска

Унгарија ја засилува контролата долж границите со Србија и Хрватска

Унгарските власти почнаа да спроведуваат контрола долж границите со Србија и Хрватска, со цел мигрантите, кои ќе бидат запрени во зона широка осум километри од границата, да бидат испратени до најблискиот транзитен центар, изјави вчера советникот на унгарскиот премиер за внатрешна безбедност, Ѓерѓ Баконди. „Мерката, која ја одобри Парламентот, ќе стапи во сила утре“, истакна Баконди. Тој нагласи дека истовремено ќе бидат зајакнати и пограничните контроли.