Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУапсена поранешната сопруга на лицето кое го изврши нападот во Ница

Уапсена поранешната сопруга на лицето кое го изврши нападот во Ница

Поранешната сопруга на 31-годишниот Мохамед Лахоуа Булел, кој го изврши вчерашниот напад во Ница, во кој се убиени 84 и повредени 174 луѓе, приведена е утрово и задржана е во полициската станица поради испитување.

Полицијата се обидува да го дознае мотивот за нападот како и можноста дека напаѓачот имал соучесници.

Булел бил татко на три деца, по професија бил камионџија и живеел во Ница.

Лицата кои го познаваат велат дека не бил комуникативен.

МИА