Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМалага се засили со капитенот на Ница!

Малага се засили со капитенот на Ница!

29-годишниот дефанзивец Пол Бајс, потпиша договор до крајот на сезоната 2019-20, со можност за продолжување на уште една година. Искусен играч во новиот клуб пристигна од Ница, каде што тој беше капитен до крајот на неговиот договорот.

Дефанзивецот има играно за Ница од 2015 година, на почетокот како позајмен фудбалер од Сент Етјен, а од летото минатата година и официјално играч на “орлите”. За тоа време, оствари вкупно 58 настапи со 2 гола и 1 асистенција. Во минатата сезона беше главен играч на Ница во одбраната и капитен на клубот кој одигра 25 натпревари постигна 2 гола и направи 1 асистенција.