Monday, May 6, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаУапсен раперот 50 Cent!

Уапсен раперот 50 Cent!

После концертот синоќе кој го одржал на карипскиот остров Сент Китс раперот 50 Cent бил уапсен, поради, како што се наведува од полицијата „непристојни изрази кои ги користел за време на настапот“. Како што пренесуваат медиумите, раперот 50 Cent бил предупреден од страна на организаторите на концертот на островот Сент Китс дека не смее да упатува псвовки.

Очигледно, Кертис Џексон, уште попознат како 50 Cent, предупредувањето не го сфатил сериозно па веднаш после настапот бил уапсен, заедно со делот од пратечкиот тим. „Кертис Џексон, американскиот рапер кој настапи на фестивалот „St. Kitts Music Festival“ е уапсен и е обвинет дека користел непристојни изрази за време на настапот“, стои во соопштението на полициската управа.

„Џексон потоа беше принуден да плати и парична казна (1.850 американски долари), одземени му се документите и мора да се појави на суд во понеделник“, стои во соопштението од полицијата. Раперот псовки употребил пеејќи го рефренот на песната „P.I.M.P“.