Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУапсен осомничен терорист за вчерашниот напад во Шведска

Уапсен осомничен терорист за вчерашниот напад во Шведска

Едно лице е уапсено во Стокхолм кое ја признало одговорноста за денешниот напад на стоковната куќа во центарот на Стокхолм, при што загинаа 4 лица, а 15 се повредени, полицијата ја потврди вестa. Уапсениот наводно имал лесни повреди. Шведската полиција соопшти дека води истрага за две лица.

Нападот е извршен со украден камион на компанијата за пиво Спендрупс, од каде потврдија дека камион бил украден пред нападот што се случи во 13 часот. Шведскиот премиер Стефан Лофтен изјави дека неговата земја е нападната и дека се укажува на тоа дека нападot е тероризам.