Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУапсен осомничен за финансирање терористи во Босна

Уапсен осомничен за финансирање терористи во Босна

Босанската полиција уапси 57-годишен државјанин на БиХ под сомневање дека финансирал терористичка дејност. По наредба на Обвинителството во селото Шепак во близина на Зворник уапсен бил Неџат Муиќ кој многу пати патувал во Сирија и се враќал во БиХ. Осомничен е дека организирал и испраќал доброволци за Сирија и Ирак кои се бореле на страната на ИД.