Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЃорчев: СДСМ ќе амнестира терористи за да дојде на власт

Ѓорчев: СДСМ ќе амнестира терористи за да дојде на власт

Влатко Ѓорчев, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, предупредува дека СДСМ планира да амнестира лица осомничени и осудени за тероризам само за да дојде на власт, а сето тоа доаѓа со прифаќањето на платформата од Тирана.

– Во платформата има точка за де факто, или меѓу редови за ослободување на луѓето коишто се виновни за она што се случи во Куманово. Таму загинаа 8 полицајци, и уште 30 беа повредени, сега СДСМ ќе ни каже дека лицата кои пукаа врз полицајците, коишто во рацете држеа базука, РПГ, експлозиви, снајпери и автомати се невини и треба да се пуштат?, или за лицата коишто во судска процедура има докажано вина за случајот кај Смилковското езеро и тие ли треба да се пуштат“, колку амнестии има намера СДСМ да ни приреди само за да се дограби до власт?, запраша Ѓорчев во гостувањето за ТВ Нова.