Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурција спречи четири бродови со мигранти да стигнат до Грција

Турција спречи четири бродови со мигранти да стигнат до Грција

И Турција ги стопира мигрантите. Вчера турската полиција задржа 435 мигранти, во најголем број Сиријци, што сакале од северозападна Турција со брод да стигнат до грчкиот остров Митилини, јави Анадолија.

Тројца осомничени турски посредници се приведени од полицијата и ќе бидат изнесени пред суд. Согласно турското законодавство тие може да бидат осудени на 8 години затворска казна.

Од приведените мигранти 345 биле од Сирија, 64 од Авганистан, 19 од Бурма и седум од Пакистан. Меѓу нив имало жени и деца. Полицијата во операцијата запленила четири бродови и голем број спасувачки елеци. Мигрантите се пренесени во бегалски камп. Тие може да добијат казна од 700 евра.