Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисТурнирот во Вухан во рацете на Венус Вилијамс

Турнирот во Вухан во рацете на Венус Вилијамс

Венус Вилијамс по пет години пауза успеа да се закити со првата позначајна титула во својата кариера, освојувајќи го турнирот во Вухан, Кина.

Петтата носителка Гарбине Мугуруза не успеа да и се спротивстави на Американката и поради повреда мораше да го предаде натпреварот. Венус во тој момент го имаше освоено првиот сет со 6:3 и водеше во вториот со 3:0. Новиот успех со 47-мата ВТА титула во кариерата на Вилијамс ќе и донесе скок од скоро десет позиции на листата, со што ќе се искачи на 14-то место.