Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЦрвенковски со отворено писмо до Иванов

Црвенковски со отворено писмо до Иванов

Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски денеска преку соопштение побара од претседателот Иванов под итно да ја измени одлуката и неговото име да биде избришано од листата на помилувани.

Црвекновски во своето соопштение додаде:

-„Ниту има било каква основа против мене да се води било каква постапка, ниту од Вас, ниту од било кого барам и прифаќам помилување. Тој постапката на претседателот Иванов ја оценува како  антидемократска, антиправна и антидржавна.

– Со Вас и со тие зад Вас да зависеа работите од мене ниту нешто ќе се преговараше, ниту нешто од вас ќе се очекуваше. Одамна ќе се видевме на различни страни од барикадите, на клучната средба на нашиот народ со својата судбина, му порачува Црвенковски на Иванов.

Тој изразува надеж дека и сите останати, чии имиња се споменати во оваа, како што ја нарече скандалозна одлука, ќе ја одбијат оваа „милост“ и ќе покажат барем трошка морал и достоинство.