Иванов во Истанбул зборувал за предизвиците на лидерството
Во рамки на посетата на Турција македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Истанбул се обрати на 17. глобален лидерски форум, што го организира престижниот универзитет Бахчешехир. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов зборувал за предизвиците на лидерството во 21 век.
Сомнежот во авторитетите, потрагата по вистина и желбата за личен успех укажуваат на основната причина за кризата на лидерството, а тоа е моралниот вакум во лидерството, истакнал претседателот Иванов. Во таа насока, Иванов потсетил дека е неопходно одлучно лидерство какво што Македонија покажа во справувањето со мигрантската криза.