Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЦИА: Саудиска Арабија не е вмешана во нападите од 11 септември. Дали ќе се објават тајните документи?

ЦИА: Саудиска Арабија не е вмешана во нападите од 11 септември. Дали ќе се објават тајните документи?

Шефот на ЦИА, Џон Бренар изјави дека тајните наоди на истрагата, која во 2002 година ја спроведе американскиот Конгрес за нападите врз САД на 11 септември 2001 година не би требало да се земаат како доказ за вмешаноста на властите на Саудиска Арабија.

„Во тајнииот дел од извештајот за истрагата на терористичките напади од 11 септември 2001 година нема директни докази дека властите на Саудиска Арабија сносат одговорност за нив, со прикривање на терористичката мрежа, Ал Каеда и нејзниот тогашен лидер Осама бин Ладен“, рече Бренан.

Наскоро се очекува одлука за тоа дали треба да се објават 28-те страни од извештајот на Комитет за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот и Сенатот, кој се уште се под ознака „строго доверливо“.

„Тие 28 страни…јас верувам дека тие ќе се појават, сметам дека е добро што се појавуваат. Но луѓето не би требало на тоа да гледаат како на доказ за учеството на Саудијците во нападот“, рече Бренан во интервју за саудиската телевизија Ал Арабија.

Шефот на ЦИА наведе дека извештајот е напишан само една година, откако терористите на Ал Каеда го урнале Светскиот трговски центар во Њујорк и ги извршиле нападите врз Пентагон во Вашингтон и во Пенсилванија, убивајќи речиси три илјади лица.

Бренан оцени дека тој извештај „бил мошне прелиминарен“ и дека подоцна комисиите кои мошне внимателно се занимавале со 11 септември заклучиле дека нема докази, кои укажуваат дека саудиската Влада или некој висок саудиски функционер ги поддржале нападите.

Поранешниот сенатор, Боб Грејем, кој во времето кога е водена истрагата бил на чело на Комитетот за разузнавање на Сенатот наведе дека смета оти саудиските власти им помогнале на киднаперите, кои ги извршиле нападите и напомена дека 28-те страни од извештајот треба да се објават за јавноста.