Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТројца Косовари осомничени за џихадизам уапсени во Венеција

Тројца Косовари осомничени за џихадизам уапсени во Венеција

Три лица се уапсени вчера во центарот на Венеција, под сомнеж дека се припадници на исламистичка џихадистичка ќелија, соопшти италијанската полиција. Специјалната антитерористичка полициска единица, неколку месеци следела група од Косово, за која се сомневала дека планира да им се приклучи на џихадистите во Сирија.

Полицијата спровела рација на неколку локации во Венеција, стравувајќи од можноста да се повтори напад сличен на оној од 22 март во Лондон на мостот Вестминстер и зградата на Парламентот, во кој беа убиени четири лица, меѓу кои и еден полицаец.

Интервенцијата уследила откако италијанските безбедносни сили „!„уловиле“ еден разговор на групата поврзан со лондонскиот напад, што предизвикало страв дека би можело да се изведе нешто слично и во Венеција, посебно врз мостот Риалто на каналот Гранд, на кој постојано има голем број туристи.

Иведена е серија рации на 12 локации во градот, вклучувајќи и десет во центарот на Венеција. Уапсените се под истрага за нивната исламистичка радикализација. Двајца од уапсените имале дозвола за престој во Италија и работеле како келнери.