Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТригодишно дете загина на патот Штип – Радовиш

Тригодишно дете загина на патот Штип – Радовиш

Тригодишно дете загина синоќа околу 19:30 часот на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај градските гробишта во Штип.
Основниот јавен обвинител рече дека несреќата се случила кога тригодишниот Х.Ј. бил на гробиштата заедно со родителите, но во критичниот момент се истргнал од рацете на 12 – годишната сестра и го претрчал регионалниот пат Штип – Радовиш. Во тој момент на патот минувал автомобил „Голф“ со штипски регистерски таблички, кој директно удрил во детето. Телото на детето е предадено на обдукција. На лице место на возачот му е направен алкотест, кој покажал дека тој не е во алкохолизирана состојба.