Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТргнете на „Внатрешно патување“ со изложбата на Маја Андонова Јокиќ

Тргнете на „Внатрешно патување“ со изложбата на Маја Андонова Јокиќ

Доколку сакате да запловите во себе и своите чувства, посетете ја изложбата на Маја Андонова Јокиќ „Внатрешно патување “ во Кинотека на Македонија која ќе биде поставена од 15 до 20 мај 2016.
Маја Андонова Јокиќ слика апстрактно. На својата изложба таа ќе се претстави со педесетина свои дела. Најголениот дел од делата се акрил на платно.

Оваа изложба стреми да измени. Ќе посакате да патувате во себе, разоткривајќи се и љубејќи на начин што поместува и изменува. Ако сте подготвени за промена, придружете се на патувањето. Во оваа изложба интимно се доверувам покажувајќи го начинот на којшто ја изразувам љубовта кон севкупноста. Преку боите ќе се разоткриете сега и овде, и ќе доживеете емоции на љубов и полет. Само тие сили нè креваат до височините на колективното битие, вели авторката.

Отварањето на изложбата е закажано во 20:00 часот на 15 мај 2016.