Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп откри кој сака да му биде заменик, има ли „лудак“ кој ќе се нафати

Трамп откри кој сака да му биде заменик, има ли „лудак“ кој ќе се нафати

Доналд Трамп направи вистиски хаос во политичкиот процес на одредување на кандидат за претседател на Републиканската партија каде естаблишментот ги здружи сите сили за да го порази и да не дозволи егзибиционист како него да ги претставува на генералните избори.

Токму затоа и зачудува изборот на Трамп за потенцијален потрпетседател меѓу канидатите кои веќе испаднаа од трката како Скот Вокер и Марко Рубио, но и Џон Кејсик кој иако е се уште активен нема големи шанси за победа.

Со овој избор можеби Трамп сака да му испрати сигнал на естаблишментот дека сака да работи заедно со нив, но најверојатно ниту еден од нив не е доволно луд за да ја прифати номинацијата и да му ги достави потрадиционалните гласачи на Републиканската партија.