Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТрадиционални песни и игри вечерва на ,,Скопско лето"

Традиционални песни и игри вечерва на ,,Скопско лето"

Ансамблот „Македонија“ вечерва ќе одржи концерт во рамки на „Скопско лето 2015“. Концертот е планиран во „Сули-ан“, а во случај на дожд ќе се премести во Музејот на македонската борба.

Под мотото „Прозорец кон традицијата“, Ансамблот ,,Македонија”  вечерва ќе одржи концерт во ,,Сули ан” во склоп на фестивалот ,,Скопско лето”.

На програмата се ора и песни од Охрид, вокално-инструментални изведби од Скопје, инструментални изведби  на чалгиски инструменти од Велес, како и изведби од пределите Малешевија, Караџова-Меглен, Жеглигово и Овче Поле.

Овој ансамбл надалеку ја промовира македонската култура и традиција. Многу концертни турнеи се доказ за успешната работа на Ансамблот Македонија.

Што се однесува до вечерашниот концерт, во случај на дожд концертот ќе се одржи во Музејот на македонска борба