HomeРЕФЛЕКТОРМузикаИнтернационална џез уметност вечерва на ,,Скопско лето"

Интернационална џез уметност вечерва на ,,Скопско лето"

,,Скопско лето” вечерва ќе им приреди вистинско музичко уживање на сите љубители на џезот.

Во склоп на фестивалот, вечерва од 20.30 часот во Сули ан – Факултет за ликовни уметности концерт ќе одржи интернационалниот ансамбл „Csps jazz ensemble”.

Станува збор за интернационален ансамбл во кој членуваат : Дејв Вилсон од САД (баритон саксофон), Стелиос Цаѕиклеас од Грција (труба) и македонските музичари Кирил Кузманов (алт саксофон), Иван Иванов (тенор саксофон), Бојан Петков (гитара) Кирил Туфекчиевски (контрабас) и Ратко Даутовски  (перкусии)

На вечерашниот концерт премиерно ќе бидат изведени делата: Cygnus Atractus; Mist in the Missed;  Keep It To Yourself; Joanica; Got Away; That One; Karma Bura  и The Red Barbunya.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com