Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСо ,,Сувенири од музички патувања" вечерва завршува ,,Скопско лето"

Со ,,Сувенири од музички патувања" вечерва завршува ,,Скопско лето"

Со концертот  на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ), под диригентство на Елена Митревска, вечер во Сули Ан фестивалор ,,Скопско лето”  свечено ќе ги затвори вратите.

Камерниот оркестар на МММ постои 29 години и е основан како прв сегмент на летниот музички камп на МММ во Охрид 1986 година.

Оркестарот има реализирано повеќе од 100 концерти, а добитник е на борјни национални награди и признанија. Покрај класичниот репертоар, има изведувано дела од современи, како и од македонски автори.

Скопско лето 2015 почна на 20-ти јуни со премиерната балетска претстава „Заспани убавици“ и изложбата „Просторна екстензија на уметноста“ по повод 25 години Галичка ликовна колонија. Во изминатите 40 дена понуди богата програма . Ги задоволи вкусовите на разновиндна публика на а 26 отворени сцени во градот.