Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРШирок сокак во духот на традицијата – започнуваат 45 те,,Илинденски денови"

Широк сокак во духот на традицијата – започнуваат 45 те,,Илинденски денови"

Започнува 45 то јубилејно издание на републичкиот фестивал на народни песни и игри ,,Илинденски денови”

Програмата вклучува Над илјада учесници од 30 ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија и пет атрактивни фолклорни дружини од Полска, Италија, Романија, Србија и од Хрватска,

Фестивалот започнува денеска со дефиле на Широк сокак на кое во народни носии ќе се претстават неколку стотици фолклористи…

За денеска планирано е отварање на изложба на детски творби по повод јубилејот 40 години на државната изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, а свечено ќе биде отворен на 29-ти јули со традиционалното оро „Комитско“ кое КУД „Илинден“-Битола ќе го изведе на летната сцена на ракометното игралиште.

Во склоп на годинешните ,,Илинденски денови” ќе се одржат и двете придружни манифестации „Оро на Широк сокак“ и „Ехо од дамарите“.

На 1 август фестивалот свечено ќе го затвори групата ,,Љубојна” и кларинетистот Исмаил Лумановски  со нивниот нов заеднички чалгиски проект „Шербет Љубојна“.

Покровител на фестивалот е Собранието на Република Македонија со поддршка од Министерството за култура и општина Битола