Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаТоп 10 – младите ги избраа омилените македонски производи

Топ 10 – младите ги избраа омилените македонски производи

Во јавноста често се говори дека недоволно ги цениме македонските производи и попрви би купиле од некој странски бренд, но квалитетот и добрата понуда секогаш излегува на површина. Во анкетата која ја спроведе fakulteti.mk беше поставено прашањето токму кои се омилените македонски производи на младите луѓе.

Меѓу 731 испитаници како најпопуларни се издвојуваат производите на македонските брендови Витаминка со најдобро оценетите смоки „Стоби флипс“, а високо котираат и пивото на Златен даб и соковите на Вива.
Во продолжение погледнете ја и целосната топ 10 листа.

viva sokovi

1. Стоби флипс
2. Прозводите на Алкалоид (Бекутан, креми… )
3. Златен даб
4. Европа (крем банани, Јадран…)
5. Скопско пиво
6. Вината на Тиквеш
7. Сок Вива
8. Производи од Swislion (Агроплод) – (еурокрем, блок чоколадо…)
9. Производите на Винчини
10. Здравје Радово (сирење и кашкавал)

Извор: fakulteti.mk