Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисТони Надал: Да не му бев чичко, Рафа одамна ќе ми дадеше отказ

Тони Надал: Да не му бев чичко, Рафа одамна ќе ми дадеше отказ

Тони Надал чичко и тренер на петиот играч во светот Рафаел Надал, вели дека неговиот внук одамна ќе му дадел отказ доколку тие не биле роднини. Надал имаше големи проблеми со својата форма последните две години, а новиот неуспех го доживеа во Буенос Ариес каде беше поразен од Доминик Тим. Тој и покрај критиките во неколку наврати изјави дека нема да го менува тренерот, бидејќи смета дека проблемот е во него, но Тони смета дека тој сепак би го променил доколку тој не бил негов чичко.

„Јас имав среќа да бидам негов чичко. Да не му бев чичко тој најверојатно до сега ќе ми најдеше замена. Јас Не успеав да го извадан најдоброто од Рафаел, тоа тој го направи сам. Во тенисот играчот го креира тренерот, а не обратно“, изјави Тони Надал. Тој исто така додаде дека посакува Надал да има форхенд удари како Роџер Федерер. „Неговите форхенд удари беа многу различни кога беше помлад. Но сега започна да ја удара топката нешто покасно од потребното. Без никакви дилеми би сакал да има форхенд како Федерер, ми се допаѓа начинот на кој тој го изведува овој удар“, додаде Тони Надал.