Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисТони Надал: Новак изгледаше непобедливо

Тони Надал: Новак изгледаше непобедливо

Тони Надал, чичко и тренер на славниот тенисер Рафаел Надал смета дека Новак Ѓоковиќ бил подобар од Серена Вилијамс изминатата година. Тој истакна дека Новак изгледал непобедливо оваа година и додаде дека верува дека и Надал ќе започне повторно да освојува Грен слеми. ,, Мислам дека Ѓоковиќ имаше подобра сезона, иако и Серена Вилијамс беше одлична и исто така освои три Грен слема. Сепак, во четвртиот Грен слем Ѓоковиќ играше финале, а таа полуфинале. Во текот на оваа сезона Шоковиќ во повеќе наврати изгледаше непобедливо”, изјави Тони Надал.

Тони Надал нема дилема околу тоа што е потребно за да се победи најдобриот тенисер во светот моментално. ,,Тоа што Рафаел се обидува секој ден на тренинг е да биде поагресивен од основната линија, да излегува на мрежа кога ќе може и да го поправи сервисот”, истакна Тони Надал. Тој исто така додаде дека е убеден дека Рафа повторно може да освојува Грен Слеми.