Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисТони Надал: Рафа може да го освои Ролан Гарос

Тони Надал: Рафа може да го освои Ролан Гарос

Getty images

Тони Надал, чичко и тренер на Рафаел Надал, вели дека Шпанецот е способен оваа година да го освои Ролан Гарос. Надал минатата сезона имаше големи проблеми со самодовербата на теренот, но освојувањето на тутулата во Монте Карло минатата недела покажа дека се враќа во старата форма. Тони Надал верува дека Рафа го има потребниот квалитет за да го освои овој Грен слем, но сепак истакна и дека прв фаворит во Париз ќе биде првиот тенисер во светот.

„Да, Рафаел е на ниво кое може да му овозможи да биде фаворит на Ролан Гарос. Прв фаворит секако ќе биде Новак Ѓоковиќ, но и Рафа покажа дека и тој е меѓу фаворитите. Победата од Монте Карло е повеќе од освојување на титула за него, бидејќи тој ја играше својата претпознатлива игра. Во натпреварот против Мареј мораше да одигра на друго ниво“, вели Тони Надал.