Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Тигрите“ вежбале во МОБ два дена пред крвавиот упад во Собранието

„Тигрите“ вежбале во МОБ два дена пред крвавиот упад во Собранието

Два дена пред крвавиот упад во Собранието, Тигрите вежбале во Македонската опера и балет каде директор е Игор Дурловски. Дурловски во моментот на упадот беше и еден од оргнизаторите на протестот. Некаде околу 14 часот, 15 прпадници на специјалната единица Тигри вежбала во МОБ. На фотографијата може да се видат неколкумина припадници на Тигрите, вооружани, како ја напуштаат хорската сала Иперијал.

Според извори во МОБ, специјалците влегле преку подрумот на МОБ, па преку Империјал хорската сала, продолжиле кон долгиот ходник кој ги дели гардероберите на уметниците. Вежбата траела околу 1 час. Од МВР не одговараат зошто се одржувала вежба токму во МОБ каде директорува организатор на протестите и зошто таа единица не беше активирана за спасување на пратениците за време на упадот?