Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставен ги спаси ГТЦ, МОБ и Универзитетската библиотека од барок

Уставен ги спаси ГТЦ, МОБ и Универзитетската библиотека од барок

Уставниот суд вчера го укина членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и од барок „ги спаси“, меѓу другите, Градскиот трговски центар, Универзитетската библиотека и Македонската опера и балет.

На вчерашната седница мнозинството судии гласале за укинување на членот 50 од Законот за урбанизам и просторно планирање, кој на Владата ѝ даваше можност да прогласи објекти од посебен интерес и за нив да ги одземе ингеренциите на општините.

Дури во април годинава, Уставниот суд одлучи да расправа за иницијативата за укинување на членот 50 од Законот.