Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТежок старт за Вардар – АПОЕЛ прва пречка до Лигата на шампиони

Тежок старт за Вардар – АПОЕЛ прва пречка до Лигата на шампиони

По денешната ждрепка, кипарски АПОЕЛ е првата препрека на црвено-црните во најелитното натпреварување во Европа. Неколку часа пред ждрепката, УЕФА ги одреди тимовите и можните противници на Вардар од првата група: Лех Познањ (Полска), Макаби Тел Авив (Израел), Марибор (Словенија), Карабаџ (Азербеџан) и Апоел (Кипар).

zdreb-ls_0

Македонскиот шампион својот прв натпревар ќе го игра во Никозија на 14/15 јули, а реваншто на „Филип II Македонски“ ќе се одигра на 21/22 јули.

АПОЕЛ со освоени 24 титули е најтрофејниот клуб во Кипар. Нивниот најголем успех во натпреварувањата од ЛШ го постигнаа во сезоната 2011/2012 кога стигнаа до четвртфиналето каде што за противник го имаа тимот на Реал Мадрид.