Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТаравари ќе го разреши директорот на ФЗОМ бидејќи не се покавува на работа

Таравари ќе го разреши директорот на ФЗОМ бидејќи не се покавува на работа

Mинистерот за здравство Арбен Таравари до крајот на неделава ќе го разреши за директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефановски бидејќи не се појавува на работното место и го игнорира Министерството за здравство, јавува САКАМДАКАЖАМ.МК.

Таравари вели дека се уште не е одлучено кој ќе го замени Стефановски, но потврди дека Фондот за здравствено осигурување место двајца директори, како што е сега, најверојатно ќе има само еден директор. Тој сооптил дека се размислува ФЗОМ да се спои со Министерството за здравство, а не да биде издвоена институција.

„Има такви идеи. Тоа засега е само идеја. Но, се размислува дека ФЗОМ треба да има само еден директор. Уште еднаш ќе консултираме релевантни лица, ќе зборуваме уште еднаш и во Влада и ќе донесеме решение. Ќе гледаме тоа да биде функционално и да нема условување меѓу ФЗОМ и Министерство за здравство, туку нивната работа да биде поврзана. Така ќе функционираат многу подобро, отколку да се поделени“, вели Таравари, додавајќи дека здравствените институции треба да функционираат како едно тело, бидејќи вака здравствениот систем сега е потром, побавен и понефункционален.