Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТаксистите ќе имаат најмногу ќар од бегалската криза

Таксистите ќе имаат најмногу ќар од бегалската криза

Таксистите и приватните превозници успеаја да добијат право на предност при транспортот на бегалците од јужната до северната граница со што ќе може да заработат по 25 евра од човек или вкупно 100 евра за една тура на бегалци во автомобил.

migranti gevgelija1Одлуката на Координативното тело за справување со бегалската криза значеше и крај на блокадите во Гевгелија и на главната железничка пруга Солун-Скопје. Бидејќи обемот на бегалци кои ја минуваат границата ќе се употребува само еден воз на Македонски железници кои ќе ги превезуваат до Табановце по истата цена.