Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудот повторно ги одби сите барања на СЈО – се одлучува за Титаник, Таргет и Тврдина

Судот повторно ги одби сите барања на СЈО – се одлучува за Титаник, Таргет и Тврдина

Кривичниот суд ги одби сите барања за притвор што ги бараше СЈО освен оние за кои се уште не е поминат рокот за одлучување како што се за Титаник и Таргет и Тврдина кои се споени во еден, а во кои се бара притвор за Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски. Одлуки има за поранешната министерка Елизабета Канчевска Милевска, поранешниот министер Владимир Пешевски и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски. За нив СЈО бараше притвор, ама судот одлучи да им ги земе пасошите и и ги задолжи да се појавуваат еднаш неделно во суд. Како неосновано е отфрлено и барањето за поранешниот помошник министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски обвинет во случајот Триста. И тој ќе се јавува во суд и одземен му е пасошот.

Како што јавува „Телма“, Судот ги одби и сите мерки за претпазливост кои ги предложи СЈО за случајот Титаник 2 и тоа за седуммина обвинети за изборни нерегуларности. За Мендух Тачи се бараше забрана за да контактира со лицата поврзани со кривичното дело. За двајца членови на ДИК – Бедредин Ибраими, Сашко Срцев и уште на четири судии од Управниот суд пак беше барано да не вршат работни активности поврзани со кривичното дело. Сепак ова е одбиено. Во Тарифа, Трезор и Топлик сите мерки за претпазливост се прифатени.

ОД СЈО велат дека ќе ги обжалат сите одлуки со кои не е прифатен притвор за обвинетите. Рокот за ова е тре дена па тоа ќе го сторат во понеделник.

Во меѓувреме истекува рокот за одлуки по барањата за притвор и мерките за претпазливост за најголемите случаи Титаник и Таргет и Тврдина. Нив синоќа во 22 часот ги докомплетираше СЈО и ги достави во судот а во рок од 24 часа треба да се донесе одлуката. Утрово овие предмети беа распределени кај судиите Ивица Стефановски и Горан Бошевски. Бошевски на јавноста и стана познат откако не дозволи претрес во домот на Горан Грујовски осомничен во Тврдина, додека Стефановски пак ги имаше случаите Монструм и Вранишковски.

Од четворицата за кои се бара притвор Груевски Мијалков Jанкуловска и Jанакиевски, само груевски го штити пратеничкиот имунитет. Ако се повика на него тогаш судот по службена должност би требало да бара од претседателот на ссобранието да му биде одземен, а тој пак од Мандатно имунитетната комисија.