Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудот да го одобри обвинението за терористите од Дива населба

Судот да го одобри обвинението за терористите од Дива населба

Кривичниот суд на јавна седница ќе го разгледува обвинилниот акт за тероризам против осомничените лица уапсени во Дива населба, како и за тие што побегнаа или пак загинаа во акцијата на македонските безбедносни сили. Обвинителството ќе бара одговорност за терористичко здружување и дејствување што ќе треба да го докаже пред судот, за потоа против уапсените лица да започне и судскиот процес.

akcija kumanovo

Во кумановската битка на 9 и 10 мај загинаа 8 припадници на полицијата, а 40 беа ранети. Исто така во жестоките борби беа ликвидирани 10 терористи, а 29 уапсени. Нивната замисла била вршење на терористички акции во Македонија, напад на полициски станици и завземање на стратешки објекти, но со одлучното спротиставување на безбедносните сили нивното дејствување беше неутрализирано.

За дополнителна истрага околу Дива населба постои и можност да се вклучи и новоформираното СЈО доколку во незаконски следените комуникации има разговори кои се однесуваат на мајските настани.