Friday, Apr 26, 2024
HomeСТУДЕНТУМСтудентски пленум го блокира Ректоратот, изборите продолжуваат

Студентски пленум го блокира Ректоратот, изборите продолжуваат

Студентскиот пленум со блокада на Ректорската управа на УКИМ се обиде да издејствува одложување на изборите за Ректор бидејќи не се исполнети повеќе правни услови и дека голем дел од студентските преставници кои се вклучени во процесот не се избрани на легитимен начин.

Се бара одложување до октомври или ноември кога најпрво во праведна процедура ќе се избере претседател на Студентскиот парламент, претставници на студентите на матичните факултети и членови на Сенатот со отворени избори, наместо сега кога академската година е завршена и нема кој да гласа.

Новиот ректор на УКИМ сепак, ќе се бира меѓу универзитетските професори Ненад Новковски и Никола Јанкуловски.