Friday, Apr 26, 2024
HomeСТУДЕНТУМСтудентска „Дамла“ ќе одбележи една година од крајот на Автономната зона

Студентска „Дамла“ ќе одбележи една година од крајот на Автономната зона

„Дамла“ ќе одбележи една година од крајот на Автономната студентска зона. Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, Факултетот за музичка уметност и Архитектонскиот факултет од 25 до 28 февруари го организираат триднениот настан именуван „Дамла“, со цел симболично одбележување на една година од крајот на Автономната студентска зона, а со тоа и почетокот на соработката помеѓу студентите.

За време на трите денови „Дамла“ студентите ќе презентираат фотографии, видеа и слики направени за време на Автономната зона, ќе се одржуваат концерти, проекции, изведби на драми, дискусии и предавања во кои ќе учествуваат и дел од нивните професори.

„Овие три дена ќе бидат исполнети со богата културно-образовна програма, со концепт кој ќе нè потсети на дружбата за време на Автономната Зона. Целта е да се покаже колку е важна соработката помеѓу студентите и овие настани да прераснат во една прекрасна традиција“, стои во повикот.