Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБитолски Парк(инг) на јавен простор кој им припаѓа на сите

Битолски Парк(инг) на јавен простор кој им припаѓа на сите

Шах, пинг понг, музика и многу цртежи можеа вчера да се забележат на плоштадот „Гоце Делчев” во Битола. Битолчани за првпат го одбележаа светскиот настан ПАРК(инг) ден, со кој побараа поголем јавен простор што ќе им припаѓа на сите и каде секој ќе може да го поминува своето слободно место и даваа идеи за трансформација на градските паркинзи во зелени простори.

Мила Рориќ од новоформираното друштво на локални архитекти УрбанЛаб, идејата на целодневниот настан беше да ја нагласи потребата од јавен простор, односно да поттикне дебата за тоа што претставува за градот еден ваков простор како тој може да се искористи.

parkinng-bt2

„Секогаш има простор од дополнителен јавен простор, бидејќи отворените простори би требало да се користат поквалитетно. Ние денес експериментираме со разни начини, со кои похумано би можеле да ги искористиме паркинзите. Доаѓаат посетители, разговараат со различни претставници од нашата организација. Тие ја поздравија идејата, велат дека се залагаат за почист воздух и околината, дека е добра иницијатива и дека фали јавен простор за граѓаните“, рече Рориќ.

Настанот во Битола има цел да го трансформира паркинг-просторот во простор на кој главен акцент ќе биде развивањето зелени идеи. Зелените идеи ќе се развиваат од сите посетители, преку предвидени отворени програмски содржини и активности: создавање привремен парк, поставување урбана опрема, дискусии за одржливо планирање, зелена канцеларија – канцеларија на отворено, детски програми, едукативни програми.

parkinng-bt3

ПАРК(инг) ден претставува светски настан за подигнување на свеста за вредноста на јавниот простор, кој се одржува секој трет петок во септември.

Оваа година, повеќе од 80 држави ширум светот се вклучија во настанот, а УрбанЛаб Битола (група локални архитекти), првпат во Македонија го организираат ПАРК(инг) ден во Битола.